Голманот Мартин Давков се врати во својата Брегалница

ФК Брегалница го ангажираше првото ново име за следната натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига, голманот Мартин Давков.

По заминувањето на Давид Денковски, 24-годишниот Давков повторно се враќа во својата Брегалница од каде фудбалски потекнува. 

Давков настапуваше за Брегалница до 2020 година, потоа две сезони мина во Кит Го Пехчево, за да минатата сезона биде дел од кавадаречки Тиквеш, од каде сега повторно се враќа меѓу „сините“.

Брегалница подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ги почнува на 26. јуни.