Завршена соработката со Мојсов, Ѓокиќ, Хаџановиќ и Кордоба

По крајот на сезоната 2022/23 во Првата македонска фудбалска лига, а со завршување и на договорите, ФК Брегалница ја заврши соработката со четворица досегашни свои фудбалери.

Со завршувањето на меѓусебните договори од клубот заминуваат офанзивецот Милан Ѓокиќ, дефанзивците Александар Борха Кордоба и Даниел Мојсов како и фудбалерот од средниот ред, Адис Хаџановиќ.

„По крајот на договорите завршена е соработката со Милан Ѓокиќ, Александар Борха Кордоба, Даниел Мојсов и Адис Хаџановиќ. Во тек се разговорите со пооделни фудбалери на кои им се завршени договорите во желбата за заеднички јазик за продолжување на соработката. Јасно е дека, во желбата за креацијата на новиот изглед на тимот, нашите цели и амбиции се нови адекватни засилувања за максимална компетитивност во Првата лига следната сезона“ - вели шефот на стручниот штаб на Брегалница, Горан Здравков.

ФК Брегалница им благодари на Мојсов, Ѓокиќ, Кордоба и Хаџановиќ за досегашниот нескриен придонес за успесите и развојот на тимот, со искрена желба за успешно продолжување на своите кариери.