Огромна радост за Штип: Помладите пионери на Брегалница во финалето од Купот на Македонија!

Огромна радост за фудбалски Штип по пласманот на помладите пионери од младинската академија на клубот во финалето на Купот на Македонија. Во денешната полуфинална пресметка пионерите на Брегалница триумфираа со 4-1 по изведувањето на пеналите против Кул Здравје откако натпреварот во регуларниот дел заврши без победник (1-1).

На дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип, Брегалница предводена од тренерот Мијалче Прошев, поведе со голот на Дарио Стојановски, но гостите израмнија пред крајот на регуларниот дел од мечот.

Сепак, во пенал-рулетот младите „сините“ далеку подобри од Кул. Стрелци на головите за Брегалница од белата точка беа Стефан Антониев, Филип Зафиров, Марио Митров  и Александар Нехтенин. 





Во финалето од Купот на Македонија, помладите пионери на Брегалница ќе се соочат со екипата на Шкендија.

Можност за пласман во финале на Купот на Македонија ќе имаат и кадетите кои на 3. мај исто така во Штип во полуфиналето ќе се соочат со соодветната екипа на Вардар.