Реми без голови во дербито на Истокот против Тиквеш

Фудбалерите на Брегалница во одличен амбиент на Градскиот стадион во Штип одиграа натпревар без голови против Тиквеш во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Избраниците на Горан Здравков беа подобар противник на теренот, посебно во финишот на првото полувреме и низ вториот дел, но не успеаја да искористат неколку одлични можности за погодок и нови три бода.

Во последните минути од првото полувреме убави можности имаа Додев и Ѓорѓиев, но голманот на гостите остана несовладан. Во второто полувреме се почна агресивно, низ неколку шанси, но сепак кавадарчани успеаја да ја сочуваат својата мрежа.

Во следното коло Брегалница, повторно на Градскиот стадион во Штип, на 9. април ќе се соочи со екипата на Македонија ЃП.

ПМФЛ - 25. КОЛО
БРЕГАЛНИЦА - Тиквеш 0-0