Михаил Димитриевски и Иван Николов на списокот на Канатларовски во младата репрезентација на Македонија

Дефанзивецот Михаил Димитриевски како и фубалерот од средниот ред Иван Николов се двајцата фудбалери од Брегалница кои се на списокот на селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски за престојниот пријателски турнир во Анталија, Турција.

Николов, кој е и капитен на младата селекција, веќе е стандарден член во составот на Канатларовски, а Михаил Димитриевски кој игра одлична сезона во Брегалница добива дебитантски повик.

Македонската репрезентација до 21 година во турска Анталија ќе одигра три контролни натпревари против селекциите на Летонија (23. март), Финска (25. март) и Словачка (28. март), како дел од подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус за ЕП 2024.