Иван Николов на списокот на Милевски за пријателскиот натпревар на А-репрезентацијата со Саудиска Арабија

Фудбалерот од средниот ред на Брегалница, Иван Николов е на списокот на селекторот Благоја Милевски за пријателскиот натпревар на А-репрезентација против Саудиска Арабија кој ќе се игра на 22. октомври во Абу Даби.

Николов, кој е и младински репрезентативец на Македонија, по квалитетните изданија за „сините“ на стартот од новата сезона сега ќе дебитира во најсилната македонска репрезентација.

На списокот на Милевски е и поранешниот фудбалер на Брегалница, Мартин Стојанов кој сега игра за бугарскиот прволигаш Септември Софија.