Брегалница "раскина" со Кузманов!

Управата на фудбалскиот клуб Брегалница ја известува фудбалската јавност дека денес го раскина договорот со стручниот штаб на чело со Никола Кузманов. Овој потег е последица на резултатскиот и бодовен биланс во последните неколку кола во првенството. Договорот е спогодбено раскинат од двете страни. ФК Брегалница се заблагодарува на досегашниот ангажман на стручниот штаб и тренерот Кузманов и им посакува многу среќа во понатамошната кариера. Повеќе информации за иднината на тренерското столче ќе објавиме во деновите што следат.

ПРЕБАРУВАЊЕ


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТАГОВИ


АРХИВА НА ВЕСТИ