Најдобриот стрелец на Брегалница, во досегашниот тек на првенството, Мартин Стојанов, ги истакна своите очекувања за натпреварот против Шкендија од Арачиново. За клубските медиуми, Стојанов изјави:
"Во петок играме дома, пред нашите верни навивачи, а тоа е мотив и обврска за нас да дадеме максимум од своите можности. Во никој случај не го потценуваме противникот, но ние одиме на победа уште од прва минута и ќе атакуваме уште од прва минута. Очекувам да се вратиме на победите и да ја израдуваме нашата публика. Ги поканувам навивачите повторно да го наполнат Градски и на крај сите заедно да славиме."