Месечен брифинг | ФК Брегалница | 31.08.2026

- Ја известуваме пошироката фудбалски јавност дека за ФК Брегалница трансфер-прозорецот сеуште не е затворен. Раководството на клубот ќе ги искористи и останатите 7 дена до завршувањето роковите на трансфер пазарот да доведе уште неколку засилувања за претстојната сезона. Трансфер периодот во ПМФЛ трае заклучно до 06.09.2026. Секој ново-потпишан фудбалер ќе биде објавен на клубските гласила.

- ФК Брегалница е единствениот клуб во лигата, кој своите досегашни домашни натпревари ги игра во вечерен термин под рефлектори. Оваа одлука е во насока и координација на барањата на публиката и фановите, кои се од витално значење за функционирањето на клубот. Оваа пракса ќе се практикува сè додека временските услови го дозволуваат истото. Веќе следниот меч против Шкендија Арачиново е закажан за петок  (04.09.2026) со почеток од 18:30 часот.

- Во текот на месец август, започна е младинската Супер Лига, во која ФК Брегалница учествува во сите 3 категории (пионери, кадети и младинци). Фудбалерите од подмладокот тренираат од водство на тренерите Влатко Давитков, Боби Тиквешанац, Мијалче Прошев, Трајче Сенев и Зоран Поп-Панев.

- Постојано се одвиваат работи кои се во насока на просторно и инфраструктурно уредување на градскиот стадион. Просторот позади новата трибина кој ќе служи за автобуси комплетно е асфалтиран.

- Раководството на клубот работи и е во преговори за изнаоѓање на нови спонзори кои финансиски би се вклучиле во унапредување и работата на клубот.

- Од маркетинг секторот во ФК Брегалница се најавени нови проекти, кои детално ќе бидат образложени во периодот што следи преку прес-конференции и клубските медиуми. Комплетно, сите од нив, ќе бидат во насока на модернизирање на брендот и воведување на новости.

- Раководството на клубот поднесе барање до Фудбалската федерација на Македонија за одложување, односно преместување на термин за мечот од 8.коло од ПМФЛ против ФК Скопје на домашен терен, кој првично треба да се одигра на 19 септември, датум на кој на градскиот стадион ќе се одржи манифестацијата "Пастрмалијада". Јавноста ќе биде благовремено известена за датумот на одигрување на мечот против ФК Скопје.

- Натпреварот од 1/16 финалето од Купот на Македонија е закажан за 09.09.2026 (среда) во Тетово, против Тетекс.
 

ПРЕБАРУВАЊЕ


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТАГОВИ


АРХИВА НА ВЕСТИ