Во пресрет на петочиот натпревар од петтото коло во ПМФЛ, поразговаравме со голманот на Брегалница, Амир Јашар, за неговиот престој во Штип, адаптацијата и очекувањата за натпреварот и сезоната воопшто.
"Фудбалот е тимска игра, а јас од првиот ден во Брегалница се чувствувам како дел од едно големо семејство.
Пред сè, сакам да му се заблагодарам на клубот што ме прими со раширени раце. Се чувствувам одлично и имам голема поддршка и доверба од управата, стручниот штаб и соиграчите.
Ние сме семејство кое на теренот покажува што значи да се гине еден за друг. Имаме одлична хемија во клубот, меѓусебно разбирање и поддршка, а чувствуваме и огромна поддршка од градот Штип и од нашите навивачи.
Брегалница допрва ќе покаже каков квалитет поседува. Со голема почит кон секој противник, но и со сериозност и карактер на теренот, одиме во Струга по првите бодови на гостински терен." - изјави Јашар за клубскиот сајт.