Хаџи-Кимов: Нашата публика и вечерниот термин под Исарот за нас се мотивација плус!

Благој Хаџи-Кимов игра се подобро под водство на новиот тренер Никола Кузманов. Тој се стандардизира во срцето на одбраната и претставува сигурен бедем во сопствениот шеснаесетник. Во пресрет на натпреварот против Башкими, Хаџи-Кимов за клубските медиуми изјави:
"Се подготвуваме максимално сериозно за секој натпревар и следен предизвик. Ова е прва лига, нема слаби противници, нема потценување и опуштање против никој. Хемијата во екипата е на највисоко ниво, целиот фокус е петок и натпреварот против Башкими на домашен терен. Вечерниот термин под "Исарот" и пред нашата верна публика за нас е само мотив плус за добра игра и нови три бода!"

ПРЕБАРУВАЊЕ


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТАГОВИ


АРХИВА НА ВЕСТИ