Методи Максимов во првиот негов официјален натпревар оваа сезона, покажа дека ќе биде одлично засилување за штипската чета и секако важна алка во мозаикот на тренерот Кузманов. За клубските медиуми, Максимов ја долови атмосферата во соблекувална и очекувањата на тимот.
"Шкендија е одлична екипа, го имаат можеби најдобриот тим во лигата. Јас поминав прекрасни година и половина во Тетово, за екипата можам да кажам само суперлативи, големи професионалци, тоа беше многу значаен период во мојата кариера и многу ми помогнаа за мојот интернационален трансфер. Во недела очекувам исклучително тежок натпревар, можеби мала олеснителна околност за нас е фактот дека во меѓувреме тие настапуваат во Конференциската Лига и имаат тежок натпревар против Хиберниан од Шкотска. Кај нас владее одлична атмосфера, соблекувалната ја краси единство, позитива другарство и одлична атмосфера. Тоа за нас е голем плус за секој натпревар, вклучително и овој." - изјави Методи Максимов.