КОЦЕВ: ВО САБОТА НЀ ОЧЕКУВА МНОГУ БОРБА, НИЕ ЦЕЛИМЕ САМО КОН 3 БОДА

Во пресрет на натпреварот од второто коло во ПМФЛ, изјава за клубските медиуми даде капитенот на ФК Брегалница, Стефан Коцев. 

"Атмосферата во клубот е одлична. Работиме напорно, владее позитивна енергија и сите сме максимално посветени и фокусирани на зацртаната цел. Новите засилувања донесоа дополнителен квалитет и конкуренција во тимот, што само нѐ прави посилни. Како капитен, верувам во оваа екипа и во работата i енергијата што ја вложуваме секој ден. Во сабота нѐ очекува тежок натпревар против Арсими, но со максимално сериозен пристап, борба и поддршка од нашите навивачи, верувам дека ќе ги освоиме трите бода. Ја повикувам штипската публика и навивачите во сабота, да го "наполниме" Градски и на крај сите заедно да се радуваме на првите 3 бодови во новата сезона во прва лига." - изјави Коцев.

Натпреварот во сабота (08.08.2026) започнува во 19:00 часот, а влезот ќе чини симболични 100 денари.

ПРЕБАРУВАЊЕ


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТАГОВИ


АРХИВА НА ВЕСТИ