Месечен брифинг | ФК Брегалница | 30.07.2026

  • Ја известуваме пошироката јавност дека имплементацијата на ВАР-системот на “Градски” во Штип е во завршна фаза. Транспарентно и јавно известуваме дека динамиката на инсталација на целиот комплексен систем се одвива во нормален тек, време и услови.
  • Раководните луѓе во клубот поднесоа барање до Фудбалската Федерација на Македонија, мечот од второто коло во ПМФЛ против екипата на Арсими да се одигра во вечерен термин под рефлектори. Искрено се надеваме дека федерацијата ќе го прифати нашето барање, кое всушност е барање и на нашите верни фанови и поддржувачи. Благовремено ќе Ве известиме за одлуката на ФФМ и конечниот термин за мечот против Арсими.
  • Раководството на клубот секојдневно неуморно работи на засилување на постоечкиот ростер на екипата, со цел создавање на конкурентен тим за повисоки дострели. Со екипата тренираат и се подготвуваат неколку новодојдени фудбалери кои се на “проба” и во деновите што следат се очекува нивниот потпис на договор. Секој потпишан играч ќе биде официјално објавен на нашите официјални клубски медиуми. Со ова, како ФК Брегалница се оградуваме од разни шпекулации кои се објавуваат по некои портали и фан-страници со сомнителни “извори на информации”.
  • Инфраструктурно се средува просторот околу стадионот, поконкретно позади новата трибина. Се асфалтира целиот простор, се “дотерува” паркингот и пристапот на автобуси на гостинските екипи.
  • Теренот на “Градски” е перфектен за игра! Тревникот на стадионот е во одлична кондиција, секојдневно се негува. Иако, навидум изгледа за многу едноставна операција, сепак станува збор за комплексен процес кој вклучува: косење – 2 до 5 пати неделно, на висина од околу 24–30 mm, наводнување со автоматски прскалки, најчесто рано наутро и доцна навечер. Ѓубрење – со NPK ѓубрива и микроелементи, според анализа на почвата. Аерација – прободување на почвата за коренот да добива воздух и вода, досејување (overseeding) – додавање ново семе на оштетените делови, пескарење (top dressing) - нанесување тенок слој кварцен песок за израмнување и подобра дренажа, ваљање – лесно рамнење кога е потребно и контрола на плевели, болести и инсекти со соодветни препарати кога има потреба.

ПРЕБАРУВАЊЕ


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТАГОВИ


АРХИВА НА ВЕСТИ