Актуелно
Официјално, се затвори завесата на овогодинешната фудбалска 2025/2026 второлигашка сезона. Штипските сини го исполнија зацртаното, го освоија првото место и од следната сезона ќе се натпреваруваат во првата македонска фудбалска лига. Бараж за пласман во посилен ранг ќе играат Шкендија Арачиново и Скопје против Пелистер и Брера од Струмица. Од лигата директно испаднаа Вардар Неготино, Слога Виница, Големо Коњари, Преспа и прилепска Победа.
Сезоната што одмина, Брегалница беше целосно финансирана од локалната самоуправа на чело со градоначалникот г-дин Иван Јорданов. Во сезоната што следи, има најави за сериозна финансиска инјекција, односно инвестиција од страна на германски инвеститор. Повеќе детали во периодот што следи...