ФК Брегалница ги "запали моторите"

Фудбалскиот клуб Брегалница ги започна подготовките за продолжението од сезоната, односно за пролетниот дел од натпреварувачката 2025/2026 сезона во ВМФЛ. Шефот на стручниот штаб од обврски ги ослободи: Хусеин Демири, Еди Мандак и Дарко Алексовски, додека нови засилувања засега се Јорданчо Наумоски (доаѓа од Пелистер) и Бојан Рајков кој доаѓа од екипата на Силекс. 
Со ангажманот на играчи кои играа во првата лига, Брегалница само ги потврдува своите амбиции, а тоа е пласман во повисок ранг на крајот од сезоната, односно прва лига.
Подготовките во периодот што следи ќе се одвиваат во Штип, а за календарот со пријателски натпревари ќе ја известиме јавноста наскоро.

ПРЕБАРУВАЊЕ


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТАГОВИ


АРХИВА НА ВЕСТИ