На 12.септември спектакл на "Градски" во Штип по повод 100 години ФК Брегалница

100 години ФУДБАЛСКИ КЛУБ БРЕГАЛНИЦА – ШТИП!
Спектакл под рефлектори во градот под Исарот!
 
На 12.септември, градот Штип ќе биде домаќин на спектакл под рефлектори! На “Градски” во Штип ќе се одигра ревијален фудбалски меч помеѓу ветераните на штипска Брегалница и легендарната белградска Црвена Ѕвезда. Натпреварот е своевидно одбележување на јубилеј на 100 години постоење на штипската фудбалска гордост!
Најголемите фудбалски имиња од историјата на двата табори ќе бидат актери во еден легендарен фудбалски натпревар кој со сигурност ќе биде спортски настан број 1 во градот под Исарот. Настанот ќе биде збогатен со целодневна агенда и шоу за публиката.
Многу фудбал, дружење, награди, признанија, фотографии за спомен...
Биди дел од спектаклот! Набави влезница по промотивна цена од 150ден во City Point Tobacco во Штип.

ПРЕБАРУВАЊЕ


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТАГОВИ


АРХИВА НА ВЕСТИ