Најостро го осудуваме денешниот инцидент на натпреварот помеѓу ФК Брегалница и ФК Шкупи (2009-2010 генерација). Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на било кој фудбалски и спортски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и покажување на манири кои се учат од најмала возраст.
На повредените деца им посакуваме брзо закрепнување и апелираме до институциите професионално да ја испитат денешната случка и соодветно со највисоки казни да ги санкционираат кривците.