Ндерим Тефику "на центарот" во Штип на отворањето на сезоната

Ндерим Тефику од Куманово ќе биде главен судија на отворањето на сезоната на натпреварот помеѓу штипска Брегалница и Кожуф од Гевгелија. Негови помошници ќе бидат Филип Николов и Горан Милошевски, а четврти судија Борче Павловиќ, исто така од Скопје.
Штипски сини влегуваат со големи амбиции и јасна цел во сезоната што претстои, а тоа е враќање во елитното друштво, во првата лига.
Напоменуваме, дека на стартот на сезоната, на "Градски" во Штип публиката ќе може да го гледа натпреварот само од старата трибина и влезот на истата.

ПРЕБАРУВАЊЕ


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТАГОВИ


АРХИВА НА ВЕСТИ