ФК Брегалница сезоната 24/25 ја заврши на четвртата позиција

Заврши турбулентната 2024/2025 сезона. Екипата на ФК Брегалница го завзеде четвртото место на второлигашката табела и догодина пак ќе се натпреварува во втората Македонска фудбалска лига.
Македонија Ѓорче Петров и Арсими изборија директен пласман во прва лига, додека ФК Башкими ќе игра бараж за влез во ПМФЛ против ФК Беса Добридол.
Лигата ја напуштија Борец од Велес и Вардарски од Богданци, додека кочански Осогово ќе игра бараж за опстанок против Шкендија од Арачиново.