СИТЕ ВЕСТИ

ИНФОРМАЦИЈА за неделниот натпревар од 2. коло во ПМФЛ: ФК Скопје нема да пушта билети во продажба!

ФК Брегалница денеска доби официјално известување од ФК Скопје дека поради актуелната ковид-ситуација и протоколите за спортски натпревари нема да пушта во слободна продажба билети за неделниот натпревар меѓу двата тима од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Прочитај повеќе

Додев: Тимската игра и максималниот ангажман треба да не водат до позитивен резултат и против Скопје

По квалитетното издание на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига и ремито без голови со Шкупи, фудбалерите на Брегалница во недела ги очекува гостувањето против Скопје на „Железарница“ во втората рунда натпревари од шампионатот.

Прочитај повеќе

Брегалница го надигра Шкупи..., реми без голови на стартот од сезоната во Првата лига (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница запишаа одлично враќање во Првата македонска фудбалска лига со квалитетно издание во 1. коло против Шкупи, во кое изостана само погодок и за триумф против големиот фаворит.

Прочитај повеќе

Засилување за средниот ред - Никола Ескиќ во дресот на Брегалница!

Брегалница го ангажираше и осмото засилување за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска лига која за „сините“ утре стартува во Штип со натпреварот против еден од водечките фаворити за титулата, екипата на Шкупи. Нов фудбалер на „сините“ и Србинот Никола Ескиќ.

Прочитај повеќе

ДАНИЕЛ МОЈСОВ: Тука сум да дадам допринос плус за остварување на амбициите на клубот, посакувам позитивен старт на сезоната

Брегалница повторно во Првата лига. „Сините“ во недела против првиот фаворит за титулата Шкупи од 17:30 часот на Градскиот стадион во Штип го почнуваат својот нов пат во прволигашката конкуренција.

Прочитај повеќе