СИТЕ ВЕСТИ

Брегалница се раздели со Бојан Ѓоргиевски и со Тони Мирчевски

По завршувањето на сезоната во Втората лига - Исток, Брегалница за следната сезона во која, по четири години се враќа во елитата, нема да смета на Бојан Ѓоргиевски и Тони Мирчевски.

Прочитај повеќе

Прием кај градоначалникот на Штип, д-р Сашко Николов, за пласманот во Првата лига (ФОТО)

По извонредната сезона во која стигнаа до шампионската круна во Втората лига - Исток и пласманот од следната сезона во Првата македонска фудбалска лига, за фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Брегалница денеска беше организиран прием од страна на градоначалникот на Штип, д-р Сашко Николов, во Општина Штип.

Прочитај повеќе

ДОМИНАНТНА СЕЗОНА - 23 победи и само четири ремија за влез во Првата лига (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница го добија шампионскиот пехар за сезоната 2020/2021 во Втората македонска фудбалска лига – Исток, откако го обезбедија првото место и пласманот во елитата уште пред две рунди.

Прочитај повеќе

Враќањето во Првата лига прославено и со „Фалангата“... (ФОТО)

Брегалница повеќе од убедливо стигна до посакуваниот пласман во елитното друштво, без ниту еден пораз во сезоната, со 23 победи и само четири ремија, реализирајќи ги на најдобар можен начин амбициите на сопственикот Кире Гогов кој веднаш по преземањето на клубот најави враќање на „сините“ во Првата лига.

Прочитај повеќе

Дејаноски од Кичево ќе го суди мечот на кој ќе се слави шампионската круна на „сините“

Марјан Дејаноски од Кичево ќе биде главен судија на последниот натпревар на Брегалница во сезоната кој утре од 16 часот го игра на Градскиот стадион во Штип против Тиквеш.

Прочитај повеќе