СИТЕ ВЕСТИ

Помладите пионери и кадетите до две победи на тестот против суперлигашот Победа

​Во рамките на подготовките на тимовите од младинско-пионерската школа на Брегалница на игралиштето во Бело брдо се одиграа две пријателски средби со екипата на прилепска Победа, која се натпреварува во Суперлигата на Македонија. И младите „сини“ фудбалери запишаа две победи!

Прочитај повеќе

Супериорен крај на подготовките во Анталија: Победа и против казахстански Кизилжар

Онака како што ги почна подготовките, на супериорен начин фудбалерите на Брегалница со триумф и ја завршуваат својата двонеделна одисеја во Анталија. „Сините“ со лесна победа од 2-0 (2-0) против казахстанскиот суперлигаш Кизилжар ги заокружија четирите тест дуели низ главниот подготвителен циклус.

Прочитај повеќе

Реми со узбекистански Насаф на третиот тест во Анталија (ФОТО)

​По двете претходно победи, Брегалница ремизираше (1-1) со еден од најдобрите узбекистански клубови Насаф во третиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија.

Прочитај повеќе

Мајсторија на Настевски, Брегалница го победи и романски Аргес!

​Продолжуваа одличните игри на Брегалница во подготвителниот период, триумфирајќи со 1-0 (0-0) и на тест дуелот против романскиот второлигаш Аргес.

Прочитај повеќе

Илиевски: Задоволство од триумфот над Шахтјор, сега продолжуваме со засилено темпо

Брегалница на најдобар можен начин со убава победа од 3-1 против тимот до 21 година на украинскиот гигант Шахтјор Доњецк ги почна подготовките во Анталија.

Прочитај повеќе