СИТЕ ВЕСТИ

Секуловски: Задоволство од изданието против Победа, во ист ритам мора да се продолжи и понатаму

Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски, сосема очекувано е задоволен од убедливата победа на неговиот тим против прилепска Победа во 21. коло од Втората лига - Исток.

Прочитај повеќе

Лесен триумф против Победа обезбеден уште во првото полувреме

Фудбалерите на Брегалница многу полесно одколку на првиот меѓусебен дуел оваа пролет, дојдоа до триумф против прилепска Победа во 21. коло од Втората лига - Исток. Составот на Марјан Секуловски победи со 3-1, во меч во кој трите бода беа решени уште во првото полувреме.

Прочитај повеќе

Ралевски од Битола ќе го суди натпреварот со Победа

Благојче Ралевски од Битола ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Брегалница и Победа во 21. коло од Втората лига - Исток кој се игра во сабота (3. април) од 15 часот на Градскиот стадион во Штип.

Прочитај повеќе

Младите категории на Брегалница немаа милост ниту за Шкупи

Продолжуваат одличните игри на пионерските екипи на Брегалница во шампионатот на Македонија. Двете пионерски екипи денеска на игралиштето во Бело Брдо славеа победа во двата претходно одложени дуели.

Прочитај повеќе

Убедлива победа на пријателскиот натпревар против Беласица (3-0)

Фудбалерите на Брегалница одиграа одличен натпревар на тестот против прволигашот Беласица триумфирајќи со убедливи 3-0 (1-0) на Градскиот стадион во Штип.

Прочитај повеќе