Професионален договор со Михаил Димитриевски

По ангажманот на Иван Николов, ФК Брегалница во согласност со сопствената определба за поддршка и промоција на младите македонски фудбалски надежи, потпиша професионален договор со уште еден талент на македонскиот фудбал, 19-годишниот Михаил Димитриевски.

Во очекување на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница потпиша професионален договор со Димитриевски кој игра на десната бековска позиција, иако не ретко е активен и на деснокрилната офанзивна позиција.

Михаил Димитриевски, кој ги мина поголемиот дел од пионерско-кадетските селекции на Македонија, потекнува од фудбалската школа на Њустарс од Скопје, а претходно во својата кариера досега настапуваше и за Локомотива и за тимот на Пехчево.