Победа од 2-0 против Трајал од Крушевац на третиот тест летово

Фудбалерите на Брегалница запишаа победа од 2-0 на третиот свој пријателски натпревар за време на летните подготовки, овој пат славејќи против српскиот прволигаш Трајал од Крушевац.

Избраниците на Илчо Ѓорѓиоски беа далеку подобар тим на теренот на Градскиот стадион во Штип, комплетно надигрувајќи го противникот од Србија.

Штипските „сините“ до предност од 1-0 дојдоа уште во 12. минута со голот на Марјан Алтипармаковски, а потоа во второто полувреме со погодокот на Милан Ѓокиќ во 59. минута заокружија за конечни 2-0. Победата можеше да биде и поубедлива, но Ѓокиќ во второто полувреме не успеа да реализира и удар од белата точка за нашиот тим.

На претходните два свои тест дуели, Брегалница славеше со 2-0 против прилепска Победа, а одигра натпревар без голови со Работнички.