Без победник на пријателскиот дуел со Работнички

Фудбалерите на Брегалница одиграа без победник на вториот пријателски натпревар за време на летните подготовки за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ одиграа реми без голови со екипата на Работнички на дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Во главно израмнет натпревар, избраниците на Илчо Ѓорѓиоски имаа повеќе можности за погодок и триумф против „романтичарите“, но не успеаја да дојдат до посакуваниот гол. Шанса на натпреварот добија поголемиот дел од актуелните расположиви сили.

Како што е познато, во првиот пријателски натпревар од стартот на подготовките Брегалница претходно славеше со 2-0 против прилепска Победа со головите на Ѓокиќ и на Додев.