Борха Кордоба е нов фудбалер на „сините“

Брегалница го ангажираше и второто засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Колумбиецот со македонски пасош Александер Борха Кордоба.

23-годишниот Кордоба доаѓа од редовите на Ренова, каде настапуваше изминатата сезона, а игра на дефанзивните позиции во тимот.

Кордоба претходно во својата кариера има настапи и за Работнички, Македонија ЃП, Пелистер и Кит Го Пехчево во домашните шампионати.



Претходно, „сините“ се засилија и со долгогодишниот капитен на Борец, Ѓорѓи Ѓорѓиев.