Стојанов: Огромна благодарност на Брегалница и сопственикот Кире Гогов за се што направија за мене!

Мартин Стојанов не го крие задоволството од стартот на интернационална кариера, по реализираниот трансфер во новиот бугарски прволигаш Септември Софија.

23-годишниот Стојанов откако денеска успешно ги мина лекарските прегледи во Софија и официјално е промовиран во дресот на Септември, најавен од страна на бугарскиот клуб како огромно засилување за новата сезона.

„Сакам да искажам огромна благодарност на Брегалница, раководството на клубот и сопственикот Кирил Гогов за се што направија за мене изминативе години за мојот фудбалски развој. Сакам да искажам благодарност што ми помогнаа и за мојот прв интернационален трансфер, без апсолутно никаков проблем но во интерес на мојот фудбалски напредок и на тој начин потврдија дека силно вложувале и натаму ќе вложуваат во млади играчи. Влогот во млади фудбалери е од интерес на Брегалница, но и секако силна поддршка за кариерите на секој играч што е секако сериозен интерес пред се и на македонскиот фудбал. Сакам да се заблагодарам на сите навивачи на Брегалница и до фудбалски Штип кои сите овие години ми даваа неизмерна поддршка“ - истакна Мартин Стојанов по реализацијата на трансферот во Септември Софија.