Манев со капитенската лента за младата репрезентација на Македонија против Украина

Првотимците на Брегалница, централниот дефанзивец Јован Манев и голманот Давид Денковски ги одиграа и двата натпревари во дресот на младата репрезентација на Македонија на крајот од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2023.

И Денковски и Манев го одиграа целиот натпревар во победата над Ерменија од 3-1 во Скопје, а денеска ги одиграа и сите 90 минути на гостувањето во Истанбул, на дуелот на кој Македонија загуби со 0-4.

Јован Манев на денешниот натпревар со Украинците ја носеше и капитенската лента на репрезентацијата.

Македонија квалификациите ги заврши со 9 освоени бода, две победи, три ремија и пет порази.