„Сините“ доминираа во Ѓорче Петров, но на крај реми со „лавовите“

Фудбалерите на Брегалница одиграа квалитетен натпревар на гостувањето против Македонија ЃП во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига кој на крај заврши без победник (1-1).

„Сините“, за разлика од претходниот дуел против Работнички, доминираа комплетно на теренот во Ѓорче Петров и уште во првото полувреме имаа три одлични можности да обезбедат резултатска предност. Но, Додев и Ѓокиќ не успеаја да погодат по одлични шутеви откако домашниот голман одбрани, а Дамњановиќ во 42. минута имаше 100% шанса но обидот со глава од неколку метри по акцијата по десната страна беше недоволно одлучен за да го загрози домашниот гол.

Сепак, тоа што беше пропуштено во првиот дел беше реализирано веќе низ првите 15 минути игра во второто полувреме. Во 59. минута по корнерот од десната страна на Дамњановиќ, Милан Ѓокиќ на првиот дирек одличен во скокот со глава ефектно погодува за водство од 0-1.

Во продолжението, во 78. минута сомнително досуден пенал за домаќините кој успешно го реализираше Сефер Емини за конечни 1-1.

ПРВА ЛИГА - 27. КОЛО
МАКЕДОНИЈА ЃП - БРЕГАЛНИЦА 1-1 (0-0)

Стадион во Ѓорче Петров: Стрелци: Емини 78'(п) (МЃП) - Ѓокиќ 59' (Б)