Договорени пријателски натпревари и со украински Металист 1925 и со шампионот на Казахстан, Тобол

Брегалница договори уште два пријателски натпревари за време на подготовките во Анталија.

Како што е познато, првиот следен тест е против азербејџанската Зира на 24. јануари, а на 27. јануари закажана е контролна средба и со украинскиот суперлигаш, Металист 1925 од Харков.

Откажан е првично предвидениот дуел со Аксу, а на 29. јануари ќе се игра пријателски натпревар со шампионот на Казахстан, Тобол.