Одличен победнички старт во Анталија: Триумф над Кубан Краснодар (ФОТО)

Брегалница повеќе од успешно ги стартуваше контролните проверки за време на подготовките во Анталија, славејќи на првиот тест дуел против рускиот Кубан Краснодар со 1-0 кој се одигра на спортскиот комплекс „Папилон“ во Белек.

Избраниците на Илчо Ѓорѓиоски беа многу подобар противник на терен создавајќи многу повеќе можности за погодок, но на крајот искористија само една преку Мартин Стојанов во 60. минута од средбата за конечна победа.

Шанса на натпреварот добија безмалку сите фудбалери кои се на подготовките со тимот во Анталија.



Одличен победнички старт на „сините“ на подготвителните натпревари во Анталија како начин за што поуспешна подготовка за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.