Прв тренинг во Анталија: Утре од 15 часот и првиот тест-дуел против Кубан Краснодар (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница, под водство на новиот шеф на стручен штаб Илчо Ѓорѓиоски, денеска го одработија првиот тренинг по пристигнувањето во Анталија.

Позитивна енергија, насмевки но максимално работна атмосфера во синиот табор кој во Анталија ќе остане до 30. јануари, а во кој период ќе одигра и пет пријателски натпревари.



Првиот тест дуел веќе утре против рускиот Кубан Краснодар со почеток од 15 часот по македонско време. Вториот веќе договорен тест е против азербејџанскиот прволигаш Зира на 24. јануари, а третиот против казахстанскиот Аксу на 27. јануари.