Матеј Георгиев повикан во репрезентацијата до 18 години на тренинг-кампот во Охрид

Еден од најголемите таленти на Брегалница, 17-годишниот Матеј Георгиев е дел од тренинг-кампот на репрезентацијата на Македонија до 18 години кој до 18. декември се одржува во Охрид.

Георгиев доби повик од селекторот Неџат Шабани да биде дел од најдобрите македонски тим на кампот кој ќе послужи како подготовка на селекцијата пред квалификациските предизвици во текот на следната година.