Минимален пораз на гостувањето против Шкендија во Тетово, два одбранети пенали на Денковски

Минимален пораз на Брегалница од 1-0 на гостувањето против Шкендија во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“, во главно израмнет натпревар, поразот го запишаа во второто полувреме во кое домашните и немаа воопшто значајна иницијатива. Но, во 61. минута Јан Кривак искористи невнимание во одбраната и од непосредна близина со глава погоди за 1-0 и триумф на својот тим.

Претходно во првото полувреме Шкендија најголемата можност за водство ја имаше во 21. минута кога во шеснаесетникот на Брегалница беше соборен Гури. Но, младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски на извонреден начин го одбрани ударот од белата точка на Љупче Дориев.



Во второто полувреме, Алтипармаковски имаше одлична можност за водство но Захов го одбрани неговиот удар, за да потоа и обидот на Азиновиќ од корнер заврши над гредата од голот на домашните.

Во вториот дел Денковски уште еднаш ги демонстрираше своите капацитете, бранејќи пенал и на Егзон Бејтулаи.

По водството на домашните целосна иницијатива на Брегалница со континуирани напади кон голот на Шкендија, но за жал не се успеа да се дојде до израмнување и бод од гостувањето во Тетово. Додев во 90. минута имаше извонредна можност за израмнување, но не успеа да донесе бод.

Во следното, 15. коло, Брегалница на домашен терен во Штип на 28. ноември го пречекува тимот на Борец.

ПМФЛ - 14. КОЛО 
Шкендија - БРЕГАЛНИЦА 1-0 (0-0)

Градски стадион во Тетово. Стрелец: Јан Кривак 61' (Ш).