Љупче Кудев со повик во репрезентацијата до 19 години за квалификациите за ЕП, Матеј Георгиев во националниот тим до 18 години

Еден од најталентираните фудбалери на Брегалница, Љупче Кудев кој оваа есен игра како позајмен играч на ФК Кит Го, е повикан во македонската репрезентација до 19 години за квалификациите за пласман на Европското првенство.

Македонската репрезентација до 19 години од 10. до 16. ноември ќе ги одигра натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за Европското првенство. Нашата надежна репрезентација на турнирот во Албанија ќе се соочи со селекциите на Албанија, Србија и Франција.

Уште еден голем талент на „сините“, Матеј Георгиев, пак, доби повик за настап во јуниорската репрезентација до 18 години за ноемвриските пријателски дуели.

Како што е познато, Давид Денковски и Јован Манев стандардно се дел од младата репрезентација до 21 година која ја очекуваат квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2023, против Украина и против Франција.