Денковски и Манев очекувано на списокот на Канатларовски во младата репрезентација

Давид Денковски и Јован Манев повторно се повикани од страна на селекторот Драган Канатларовски за квалификациските натпревари на младата репрезентација за пласман на ЕП 2023.

На 11. ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски” гостува Украина, а пет дена подоцна на националната арена “Тодор Проески” Македонија го пречекува топ фаворитот во групата, селекција на Франција.

Денковски и Манев се стандардни првотимци во младата селекција низ актуелниот квалификациски циклус под водство на Драган Канатларовски.