Против Силекс во четвртфиналето од Купот на Македонија!

Брегалница ќе игра против кратовски Силекс во четвртфиналето од Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Натпреварот на „сините“ против Силекс во четвртфиналето ќе се игра на 24. ноември со почеток од 13 часот во Кратово.

КУП НА МАКЕДОНИЈА - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Силекс - БРЕГАЛНИЦА
Шкендија - Струга ТЛ
Пелистер - Вардар
Шкупи - Македонија ЃП

* Натпреварите се играат на 24. ноември со почеток од 13 часот. Во четвртфиналето од Купот на Македонија се игра само еден натпревар.