Денковски: Македонија ЃП е сериозен предизвик, но ние повторно одиме на три бода

Повторно враќање на прволигашките активности за „сините“ по паузата поради настапите на националните репрезентации.

Изминатиов период шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски максимално активно низ тренажниот процес ја одржуваше формата за дуелот на Брегалница против Македонија ЃП во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига кој „сините“ ги очекува утре од 14 часот на Градскиот стадион во Штип.

Чуварот на мрежата, Давид Денковски заедно со Јован Манев беа дел од младата репрезентација која со победа од 1-2 против Ерменија се врати од Ереван. Денковски и во Ереван ги потврди своите квалитети издвојувајќи се меѓу најдобрите во македонската репрезентација. Но, сега максимално концентриран повторно на прволигашките предизвици во желбата за нови бодови на Бреглница.

„Задоволен сум од настапите во македонската репрезентација, па сега сакам формата да ја пренесам повторно и во дресот на мојот клуб. Не очекува сериозен предизвик против екипата на Македонија ЃП, но за нас секако единствена цел се трите бода. Очекувам и утре пред нашите навивачи да продолжиме со победите“ - вели Денковски.

Брегалница во претходното коло во Штип славеше против Струга ТЛ со 1-0.