Матеј Георгиев повикан за настап во репрезентацијата до 18 години

Еден од најталентираните фудбалери на Брегалница, Матеј Георгиев повторно доби повик за настап во македонската репрезентација.

Георгиев доби повик за настап во репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 18 години за престојните два пријателски натпревари против Унгарија во Ѓер, во рамките на подготовките за квалификациите за ЕП. Првиот натпревар македонската селекција го игра на 14 . септември со почеток во 17 часот, а вториот натпревар два дена подоцна се игра од 11 часот.


17-годишниот Матеј Георгиев е стандарден член на младинските национални тимови од најмала возраст, издвојувајќи се како еден од најталентираните домашни фудбалери во средниот ред.