Триумф против Искра, деби со гол за засилувањето Милан Ѓокиќ

Фудбалерите на Брегалница ја запишаа и втората победа на подготовките на Златибор, триумфирајќи на пријателскиот дуел против црногорскиот прволигаш Искра Даниловград со 2-1.

„Сините“ победата ја обезбедија во првото полувреме од средбата кога беа постигнати и сите три погодоци на натпреварот. Уште во 5. минута од средбата Брегалница поведе со голот на левокрилниот дефанзивец Михаил Маневски.



Противникот успеа да израмни во 16. минута, но засилувањето Милан Ѓокиќ уште на првиот свој натпревар за Брегалница успеа да се запише во листата на стрелците постигнувајќи гол во 35. минута за водство од 2-1.

На крајот, по второто полувреме во кое двајцата тренери направија бројни замени во составите, резултатот остана непроменет, и покрај тоа што составот на Марјан Секуловски имаше уште неколку можности за погодок.

Брегалница натпреварот го почна во следниот состав: Петровски, Манев, Азиновиќ, Мојсов, Маневски, Муарем, Минчев, Наумоски, М. Стојанов, Додев и Ѓокиќ. Во второто полувреме шанса добија и сите останати фудбалери кои се на подготовките на Златибор.