Стартувани подготовките на Златибор: Утре против Морнар, договорен тест и со Искра Даниловград

Фудбалерите на Брегалница од денеска се преселија во српскиот туристички центар Златибор каде ќе биде реализирана централната фаза од подготовките за враќањето на „сините“ на прволигашката сцена.

Нашите фудбалери попладнево го одработија и првиот тренинг на Златибор на кој присуствуваа 25 фудбалери кои во моментов се во таборот на шефот на стручниот штаб, Марјан Секуловски.



Утре од 17 часот со црногорскиот Морнар е закажан и првиот пријателски натпревар на подготовките на кои ќе бидат одиграни и тестови со српскиот Графичар (14. јули), кој е предводен од поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски, како и со уште еден црногорски прволигаш, Искра Даниловград. Се очекува официјалната потврда на противникот и за последниот, четврти, тест дуел на Златибор.