Трајче Сенев е нов тренер на младинскиот тим на Брегалница

Искусниот македонски стратег Трајче Сенев се вклучува со работата во младинската школа на Брегалница како момент плус за дополнителен развој на најмладите категории фудбалери кои се иднината на клубот.

Сенев од новата сезона ќе биде тренер на младинскиот тим на клубот.

Трајче Сенев претходно во својата кариера беше тренер и на првиот тим на Брегалница, како и на Силекс, Осогово и Кит Го. Изминативе години работеше и како спортски директор на пехчевскиот второлигаш Кит Го.