Убедлив триумф над Кожуф - БРЕГАЛНИЦА ПОВТОРНО Е ВО ПРВАТА ЛИГА!

По четири години, ФК Брегалница повторно се враќа таму каде што припаѓа - на прволигашката сцена во Македонија!

Во 25. коло од Втората лига - Исток, со убедливиот триумф од 3-0 против Кожуф на својот Градски стадион во Штип, „сините“ на две кола пред крајот на шампионатот ја обезбедија шампионската круна во второлигашката конкуренција и директен пласман во Првата лига следната сезона.

Составот на Марјан Секуловски низ пролетниот дел од сезоната го реализираше сето она што беше зацртано уште со стартот на првенството. Низ убедливи изданија домининантно се дојде до пласман во елитното друштво.



До денешниот триумф против Кожуф се дојде на убедлив начин со головите на Наумче Бакрачески до последната минута од првиот дел, а во 58. минута стрелаше и Дујовски по асистенцијата на Мартин Стојанов. Во 81. минута и Јован Манев се запиша во листата на стрелците за конечни 3-0.

Голови за дефинитивен печат на влезот во Првата лига!


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (25. коло)
БРЕГАЛНИЦА - Кожуф 3-0 (1-0)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: Бакрачески 45', Дујовски 58', Манев 81' (Б).