„Петарда“ во Кочани сервирана за Росоман

Без никакви проблеми, низ тотална доминација на теренот, фудбалерите на Брегалница стигнаа до нова убедлива победа на патот кон Првата лига. Во 23. коло од Втората лига - Исток, „сините“ славеа убедливо со 5-1 против екипата на Росоман.

Победата на дуелот кој, поради реконструкцијата на теренот на Градскиот стадион во Штип, се играше во Кочани, беше обезбедена уште во првото полувреме кога беа постигнати четири погодоци.

Избраниците на Марјан Секуловски поведоа со голот на Марио Наумоски во 14. минута. Откако гостите израмнија во 21. минута преку Дуков, веднаш во 26. минута следеше одговор преку Муарем Муарем за 2-1.

На 3-1 во 35. минута од пенал зголеми Мартин Стојанов, а во 38. минута Наумоски го постигна својот втор погодок за 4-1.

Во второто полувреме, Андреј Кудијан во 58. минута ги постави конечните 5-1. Тренерот Секуловски во второто полувреме им даде шанса и на младите Борче Гогов, Дарко Михајлов и Леон Чучковски да го почувствуваат сениорскиот фудбал.


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (23. коло)
БРЕГАЛНИЦА - Росоман 5-1 (4-1)
Стадион „Никола Мантов“ во Кочани. Натпревар без публика. Стрелци. Наумоски 14', 38', М. Стојанов 35', Муарем 26', Кудијан 58' (Б) - Дуков 21' (Р).

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (23. коло)
Каменица Саса - Победа 2-1
Кит Го - Кожуф 1-0
Брегалница - Росоман 5-1
Тиквеш - Осогово 3-0
Слога Виница - Плачковица 1-1