Кудев ги одигра двата натпревари против Црна Гора за репрезентацијата до 19 години на Македонија

Еден од најголемите таленти на Брегалница, Љупче Кудев ги одигра двата пријателски натпревари за македонската репрезентација до 19 години против Црна Гора.

Македонија најпрво славеше со 2-0 и ремизираше 1-1 на денешниот втор дуел, а Кудев, добивајќи ја комплетната доверба, се најде во стартните тимови на селекторот Влатко Гроздановски.