Стојанов и Муарем за победа над Плачковица во Радовиш

Фудбалерите на Брегалница, согласно посакувањата, дојдоа до нова победа во Втората лига - Исток, триумфирајќи во 22. коло на гостувањето против Плачковица со 0-2 за чекор поблиску кон крајната цел сезонава.

Доминацијата на „сините“ со гол беше прекината во самиот финиш од полувремето кога Мартин Стојанов погоди од пенал во 45. минута, откако претходно во шеснаесетникот на домашните беше соборен Кудијан.

Во второто полувреме само рутински се одржуваше предност со целосна контрола на играта, за конечно дуплирање на предност во 85. минута со голот на Муарем Муарем, на асистенција на Марио Наумоски, за конечни 0-2.


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (22. КОЛО)
Плачковица - БРЕГАЛНИЦА 0-2 (0-1)

Градски стадион во Радовиш. Натпревар без публика. Стрелци: Стојанов 45'(п), Муарем 85' (Б).

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (22. КОЛО)
Осогово - Кит Го 0-1
Плачковица - Брегалница 0-2
Росоман - Тиквеш 1-1
Кожуф - Каменица Саса 1-0
Победа - Слога Виница 0-0