Лесен триумф против Победа обезбеден уште во првото полувреме

Фудбалерите на Брегалница многу полесно одколку на првиот меѓусебен дуел оваа пролет, дојдоа до триумф против прилепска Победа во 21. коло од Втората лига - Исток. Составот на Марјан Секуловски победи со 3-1, во меч во кој трите бода беа решени уште во првото полувреме.

Уште во 7. минута, Мартин Стојанов донесе предност за „сините“. Доминацијата на теренот вроди со плод веќе во 16. минута кога Дарко Додев во вториот одби, откако гостинскиот голман го одбрани првиот негов шут, од непосредна близина погоди за 2-0.

Гостите успеаја да ја намалат предноста на Брегалница со голот на Грозданоски во 35. минута. Но, нивната радост траеше кратко откако во 41. минута Дарко Додев со својот втор гол донесе 3-1.



Во второто полувреме повторно максимална контрола на играта на „сините“. Во еднаков ритам се одржуваше предноста, за конечна победа која можеше да биде уште поубедлива доколку се реализираа неколку убави можности

Брегалница ја зачува предноста од седум бода на врвот од табелата пред второпласираниот Тиквеш.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (21. коло)
БРЕГАЛНИЦА - Победа 3-1 (3-1)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: М. Стојанов 7', Додев 16', 41' (Б) - Грозданоски 35' (П).

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (21. КОЛО)
Каменица Саса - Слога Виница 1-0
Брегалница - Победа 3-1
Тиквеш - Плачковица 4-1
Кит Го - Росоман 2-1
Кожуф - Осогово 0-1