Ралевски од Битола ќе го суди натпреварот со Победа

Благојче Ралевски од Битола ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Брегалница и Победа во 21. коло од Втората лига - Исток кој се игра во сабота (3. април) од 15 часот на Градскиот стадион во Штип.

На Ралевски ќе му помагаат сограѓаните Николче Дрнковски и Петар Степановски. Четврти судија ќе биде Дени Лековски, исто така од Битола, а делегат на мечот - Егзон Османи од Тетово. Контролор на натпреварот ќе биде Душко Милошески од Скопје.